БРЗ КОЛАЧ СО ОВОШЈЕ! Вкусен и сочен…

Подгответе вкусен и сочен колач со овошје, во овој случај праски. Освежувачкиот вкус ќе ве маѓепса!

Состојки:

2 јајца
1 чаша шеќер
2 чаши брашно
1/2 чаша масло
1 чаша јогурт
1 полна лажица арома од ванила
малку сол
700-800 гр праски
1/2 кесичка прашок за печиво
100 гр шеќер и 5 лажици вода за прелив
Начин на подготовка:

Разматете јајца со шеќер, додајте брашно, јогурт, масло, ванила, малку сол. Печете во намастен плех во загреана рерна на 180 стпени околу 5 минути. Извадете од рерна и наредете исечкано овошје. Вратете во рерна и печете уште 20 минути.

Печениот колач прелијте го со шеќер и вода и вратете го во врелата, исклучена рерна уште 5 минути. Извадете го колачот, прекријте го со крпа и оставете го да се излади. Сечете и послужете, по желба со шлаг или топка сладолед.

Напомена: Сите состојки мерете ги со чаша од 2 дл. Овошјето може да биде и било кое друго, сезонско ило микс (јаболка, крушки, сливи, праски, кајсии, јагоди, малини, вишни…)