12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

ЕВТИН И БРЗ РУЧЕК: Највкусните пржени пиперки во павлака!

Кога немате време, нерви и пари за богат ручек, посегнете по овој фантастичен рецепт од пржен зеленчук во павлака!

Состојки:

5-6 пиперки
2 лажици масло
3-4 чешниња лук
2-4 лажици кисела павлака Пекабела
сол
колбаси или некое друго месо (по желба)
Начин на подготовка:

Измијте ги пиперките, исчистете ги од петелки, исечете ги на филети, посолете ги и пржете ги (ставете и месо, ако сакате) поклопено на масло, повремено мешајте, така 15-тина минути.

Потоа додајте ситно сечкан лук и кисела павлака, измешајте и ручекот е готов!

Уживајте!

Спонзорирано: