5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

ВКУСЕН РУЧЕК: Похована риба во смеса од пиво

Доколку ви се јаде риба, пробајте го овој рецепт за вкусна похована риба во смеса од пиво…

Состојки:

1 мало шише пиво; 2 шолји брашно ;1 лажичка прашок за печиво;500 гр филети морска риба; сол; бибер; брашно за посипување; масло за пржење

Начин на подготовка:

Во чинија ставете пиво, 2 шолји брашно, прашок за печиво. Зачинете со сол и бибер.

Извалкајте ги рибите во осанатото брашно. Потопете ги парчињата риба во подготвената смеса од пиво, но оставете ги во смесата десетина минути пред да ги извадите.

Пржете ги во длабоко загреано масло додека не добијат златна боја, околу 5-7 минути.

Исцедете ги на салфети и послужете ги веднаш со лимон, тартар сос и зеленчук.

Добар апетит!