Највкусното чоколадо кое можете да го направите и дома: Вашите деца ќе го обожаваат!

Ви донесуваме навистина едноставен рецепт за чоколадо кое се прави од здрави намирници!

Состојки:

100 гр органско какао, 3-4 лажици кокосово масло, 2-3 лажици мед, 50 гр лешник

Начин на подготовка:

Во чинија ставете какао. Постепено додавајте лажица по лажица кокосово масло додека смесата не стане полу густа. Смесата добро разматете ја со жица неколку минути. Потоа, додајте мед.

Во мал плех или чинија ставете хартија за печење и излејте го чоколадото. Од горе посипете со лешници.

Ставете го плехот во фрижидер да стегне. Чоколадото чувајте го во фрижидер и вадете го само пред послужување.

Уживајте!