17.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ССНМ објави повик за новинарската награда „Роберто Беличанец“

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници ја воспоставува годишната награда „Медиум промотор на новинарството како јавно добро“, која ќе го носи името на прерано починатиот борец за слобода на изразување и експерт за медиуми – Роберто Беличанец.

Од ССНМ ги повикуваат сите новинари и медиумски работници да номинираат медиум за кој сметаат дека го заслужува ова признание, кое од Синдикатот веруваат дека ќе биде не само поттик за медиумот туку и за новинарите и медиумските работници.

Признанието ќе му се додели на медиумот што ги задоволува следниве критериуми: континуирано чувство за општествена одговорност, третирање на новинарството како јавно добро преку залагање за слобода на изразување, придржување до кодексот на новинари, третирање теми од јавен интерес, како и коректен однос кон вработените – почитување на нивните работнички и професионални права.

Комисијата за избор на добитник на оваа награда номинациите ќе ги прима до 7 декември, а новинарите и медиумските работници номинациите може да ги испраќаат по електронска пошта на ssnm.info@gmail.com или на фејсбук-страницата на ССНМ .

Оваа награда новинарскиот синдикат ја доделува во партнерство со Македонскиот институт за медиуми – МИМ, Институтот за комуникациски студии и Media Diversity Institute од Лондон во рамките на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – справување со лажните вести“, поддржан од Европската Унија.

Спонзорирано: