11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Индонезија купува 261 авион од „Боинг“

Индонезиската авиокомпанија „Лајон ер“ планира состанок со „Боинг“ на 30 ноември за разгледување на нарачката за купување авиони од типот „боинг 737 макс“ во период до 2035 година, соопшти Даниел Путит, директор за безбедност во компанијата.

Предвидено е најновата нарачка во следните 17 години да вклучи 261 авион.

Индонезиската комисија за сообраќај и безбедност би требало следната недела да ги објави прелиминарните резултати од истрагата за падот на авионот „боинг 737 макс“ што се сруши на 29 октомври неколку минути по полетувањето. Во несреќата животот го загубија сите 189 лица што се наоѓаа во леталото.

Спонзорирано: