11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со неочекуван потег: Познат неговиот став во врска со бегството на Груевски

– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го осуди бегството на поранешниот премиер и поранешен лидер на партијата Никола Груевски и смета дека е важно да се лоцира вината за тоа како се случи и кои се потпомагачите на оваа акција.

– Самиот чин на бегството го осудувам и начинот на кој постапи господинот Груевски, односно бегството, но многу е важно да се лоцира вината кај кого е, како се случи и кои се помагачите кои ја потпомогнаа оваа акција, рече Мицкоски и додаде дека како претседател на партијата ги охрабрува тие луѓе да дадат одговор на сите прашања во македонската јавност.

Во гостување во Отворено студио на 1ТВ, Мицковски рече дека немал индиции оти Груевски ќе избега од земјава и смета дека одговорот треба да се бара во институциите кои треба да кажат како се случило бегството.

Спонзорирано: