10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Многу Македонци имаат бугарски пасош, дали ќе останат без него по случајот на сомнително издавање пасоши во Бугарија?

До сега повеќе десетици илјади граѓани на Македонија, пред се од македонска националност побарале и добиле бугарски пасош, со што се стекнале со документ со кој можат слободно да работат и живеат во било која земја од Европската Унија, но и да ги уживаат привелигиите на овој сојуз.

Доколку се земе во предвид фактот дека македонските граѓани чекале и по повеќе години со цел да ги поминат сите можни процедури за добивање на овој документ, тие не треба да очекуваат дека ќе останат без пасош.

Единствено треба да стравуваат оние граѓани кои не ги почитувале законските процедури на Република Бугарија.

Засега според неофицијални информации околу 40-50 илјади пасоши ќе бидат ставени под ревизија, но тоа не значи автоматски дека овие граѓани би го изгубиле државјанството.

Инаку Македонците се први на топ листата на издадени бугарски пасоши во изминатите две децении.

Со стабилизацијата на Македонија и нејзиниот влез во НАТО и ЕУ се очекува овој тренд да опадне, сметаат познавачите.

Спонзорирано: