10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Јужнокорејците ја уриваат најголемата кланица за кучиња во земјата

Властите на Јужна Кореја почнаа да го уриваат најголемиот комплекс за колење кучиња во таа земја. Комплексот „Таепџеонг-донг“, во јужното предградие на Сеул, има најмалку шест специјализирани кланици и важи за најголемиот доставувач на кучешко месо во Јужна Кореја.

Комплексот треба да биде урнат за два дена. Според планот, на негово место треба да се изгради парк.

Кучешкото месо е дел од кулинарската традиција на Јужна Кореја, каде што годишно се јадат околу еден милион кучиња.

Во последните години расте бројот на Јужнокорејците што кучињата ги сметаат за пријатели, а не за домашни животни што ги одгледуваат за исхрана.