22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ до Арсовски: Решен е проблемот со „Југохром“, маката на напатените работници и граѓани беше од ВМРО-ДПМНЕ

Антизападниот пион Христијан Мицкоски уште еднаш потврди дека за него и за ВМРО-ДПМНЕ, приоритет е одбрана на осудениот Никола Груевски и на криминалите политики што оставија многу работници без егзистенција и многу фабрики затворени, се наведува во реакцијата на СДСМ по повод изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Криминалната ВМРО-ДПМНЕ со години ги лажеше граѓаните во целиот Полошки Регион дека ќе им го реши на проблемот со ‘Југохром’, но, за жал, тоа не се случи. Маката на напатените работници и на граѓаните од Полошко беше резултат на игнорирањето на нивниот проблем од криминалната власт на ВМРО ДПМНЕ. Сега е решен проблемот од страна на Владата предводена од СДСМ и тоа во интерес на работниците, граѓаните и животната средина“, стои во реакцијата.

Со ангажманот за рестартирање на „Југохром“, велат од партијата, Владата предводена од СДСМ уште еднаш го покажа токму тоа како се решаваат наследните проблеми оставени од ВМРО-ДПМНЕ, како се работи во интерес на граѓаните, на работниците, на животната средина.

„Рестартирањето на ‘Југохром’ значи обезбедување сигурни плати за стотици наши сограѓани и секако обезбедување стабилен доход за стотици семејства токму во Јегуновце и во целиот тој регион.

Исто така, рестартирањето на Југохром значи дополнително придвижување на економијата. Со изградбата на новата филтерската постројка го решаваме и проблемот со загадувањето на животната средина“, велат од СДСМ.