8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

ДЕСЕРТ СО СТИЛ: Колачиња со ориз

Подгответе преубави колачиња со ориз – десерт кој ќе ве воодушеви!

Состојки:

2 јајца
300 гр шеќер
150 гр чоколадо
250 гр маргарин
300 гр мелени бисквити
100 гр експандиран ориз
Начин на подготовка:

Јајцата и шеќерот пенасто разматете ги и загрејте ги на тивок оган додека шеќерот не се растопи.

Додајте маргарин и чоколадо и мешајте додека не се растопат. Потоа додајте мелени бисквити и експандиран ориз.

Намастете тацна, ставете ја смесата, израмнете ја и оставете ја да се излади. Прелијте со глазура од чоколадо, изладете и исечете на коцки.

Послужете и уживајте!