12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

РОЛАТ ОД ТИКВИЦИ И СИРЕЊЕ: Највкусното предјадење на светот!

Ако ви здосади стандардниот начин на подготовка на тиквици, ви предлагаме да ги пробате во сочен солен ролат!

Состојки за кора:

850 гр тиквици ; 4 полни лажици меко брашно; 4 мали јајца; 1 лажичка сол;прстофат бибер

Состојки за фил:
250 гр сирење;250 гр кисела павлака Пекабела;150 гр шунка или друго сувомеснато Пекабеско

Начин на подготовка:

Добро измијте ги тиквиците и отсечете ги краевите. Изрендајте ги и посипете ги со лажичка сол. Оставете ги да отстојат. Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.

Разматете белки па додајте жолчки. Потоа додајте брашно и исцедени тиквици. Сè измешајте, па благо намастете голем плех од рерна и обложете го со хартија за печење. Ставете ја смесата во плех, намалете ја рерната на 180 степени и печете ја кората околу 35 минути. Извадете од плехот, па така со хартија свиткајте и оставете да се излади.

Разматете павлака со сирење. Кога свитканата кора од тиквици ќе се излади, одвиткајте ја па премачкајте ја со половина од филот, наредете ред шунка и преку нанесете го остатокот од филот. Свиткајте во ролат, па во хартија за печење и ставете во фрижидер малку да отстои, да стегне и вкусовите да се соединат.

Добар апетит!

Спонзорирано: