18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Паштета од туна

Вкусна паштета од туна…

Состојки:

4 лимони
1 лажица исчистени фстаци
200 гр Тимко туна
100 гр маргарин
1 лажица сечкан праз
бибер
сол
Начин на подготовка:

Фстаците ставете ги на неколку минути во врела вода, па отстранете ја тенката кора. Лимоните добро измијте ги, избришете ги, исечете на врвовите, па со остар нож и со лажичка исцедете го сокот и издлабнете ја средината.

Туната од конзерва исцедете ја од масло и изгмечете ја со вилушка. Маргаринот разматете го пенасто, додајте изгмечена туна и сè заедно испасирајте. По вкус посолете, побиберете, додајте сечкан праз, зачинете со сок од лимон и додајте фстаци.

Со оваа маса наполнете ги лимоните и ставете ги неколку часа во фрижидер.

Пред сервирање со врел нож исечете ги филуваните лимони на кругови и послужете ги со свеж бел леб.

Добар апетит!

Спонзорирано: