11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вонредна временска најава – очекувајте многу дожд

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Пожаране – 45 литри на метар квадратен, а најмалку во Скопје и Демир Капија – пет литри на метар квадратен. Најстудено утрнава било во Битола, Маврово и Лазарополе каде во седум часот се измерени четири степени, а најтопло во Демир Капија каде утринската температура била 13 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи за денеска претпладне најавува облачно време со дожд кој локално ќе има пороен карактер, а во југоисточните делови ќе биде проследен со ретки грмежи. Во текот на денот врнежите ќе престануваат и облачноста делумно ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се движи од осум до 16 степени.

Во наредните три дена времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините. Нови врежи од дожд се очекуваат од недела попладне.

Спонзорирано: