23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турски медиуми тврдат дека ОАЕ и Саудиска Арабија испраќаат трупи во Сирија

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Саудиска Арабија, наводно, испратиле војници во североисточна Сирија, каде што се стационирани курдските милиции поддржани од САД, објави турскиот дневен весник „Јени Шафак“.

Во април 2018 година, „Вол стрит џурнал“ цитираше неименувани извори кои посочија дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сака да го замени американскиот воен контингент во Сирија со арапски трупи. Во тоа време, саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал Џубеир, рече дека Ријад е подготвен да испрати војници во Сирија како дел од коалицијата предводена од САД.

„Ние сме во разговор со САД од самиот почеток на сириската криза за испраќање сили во Сирија. Има дискусии во врска со тоа каква сила треба да остане во источна Сирија и од каде ќе дојде таа сила, и тие разговори се во тек “, рече тој.

„Вол стрит џурнал“, исто така, тврдеше дека САД побарале од Саудиска Арабија, Катар и од Обединетите Арапски Емирати да придонесат со милијарди долари за стабилизирање на североисточниот дел од Сирија во обид да се спречи појавата на безбедносен вакуум откако ќе бидат протерани терористите.