14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Макрон му испрати писмо на Вучиќ: Братството по оружје да биде основа за стратешко партнерство

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, прими писмо од францускиот колега Емануел Макрон, во кое лично му се заблагодари на присуството во Париз на церемонијата, со која беше одбележана стогодишнината од примирјето во Првата светска војна.

Макрон во писмото наведе дека знае колку спрскиот народ претрпел за време на Првата светска војна поднесувајќи повеќе од еден милион и двесте илјади жртви, што претставувало речиси една третина од населението.

„Сакам да оддадам признание на нивната борба на страната на сојузниците, а особено на Франција на Солунскиот фронт, за што не се зборува многу често, иако беше одлучувачки за ставање крај на тој разорувачки судир“, се наведува во писмото доставено до канцеларијата на Вучиќ.

Тој му порача на Вучиќ и на српскиот народ дека сака да бидат во целост уверени во неговите залагања да се укаже чест и да се заживее ова сеќавање.

„Изразувам желба одбележувањето на братството по оружје на нашите две земји и жртвите на нашите војници да послужат како основа за ново заедничко настојување на нашите две држави во рамките на стратешкото партнерство за повеќе да ја унапредиме соработката, европските вредности и регионалната стабилност“, истакна Маркон.

Тој му се заблагодарил на Вучиќ за неодамнешното писмо во кое му укажал на придонесот на Владата на Република Србија во развојот на наставата на француски јазик и мултилатералната франкофонска соработка.

Спонзорирано: