16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

За еден ден од сообраќај исклучени 10 возачи, четворица возеле под дејство на алкохол, а шест без возачка

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди, од кои две биле со тешки телесни повреди, три сообраќaјни незгоди со телесни повреди и шест со материјална штета, информираа од полицијата.

„Во сообраќајните незгоди две лица добиле тешки телесни повреди и три лица телесни повреди. Од преземените мерки и активности, констатирано е дека 40 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај се исклучени 10 возачи, од кои: четири возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и шест возачи управувале возила, без да стекнат право за управување моторно возило“, стои во соопштението на МВР.

Исто така, велат од полицијата, исклучени од сообраќај се и девет возила бидејќи шест биле нерегистрирани, а три возила биле технички неисправни.

Од МВР велат дека санкционирани се и двајца возачи поради поминување крстосница на црвено светло и еден возач поради неправилно престигнување. Во текот на изминатиот ден издадени се и 83 мандатни платни налози и 81 возило се подигнати со специјалното возило „пајак“, велат од полицијата.

Спонзорирано: