16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Киднапирана Италијанка која работела како волонтер во хуманитарна организација во Кенија

Вооружени лица киднапираа Италијанка која работелa за хуманитарна организација во крајбрежниот регион на Кенија и притоа повредија неколку лица во нападот, објави полицијата од Кенија.

Напаѓачите, кои неселективно пукаа кон луѓето, ранија пет лица во нападот што се случи во шопинг-центарот „Чакама“ во областа Килифи, изјави шефот на полицијата, Џозеф Боинет. Нападот се случил доцна синоќа.

Тој додаде дека при нападот била киднапирана 23-годишна Италијанка, која работела како волонтер во хуманитарна организација во југоисточниот дел на Кенија. Мотивот за нападот во моментот не е познат.

Полицијата соопшти дека инцидентот го сметаат за терористички напад, но и дека идентитетот на напаѓачите засега не е познат.

Исламските екстремисти од Сомалија претходно беа обвинети за серија киднапирања на странци по должината на брегот на Кенија.

Поради напади и киднапирања странци, Кенија испрати војска во Сомалија во 2011 година за да се бори со екстремистите од групата Ал Шабаб.

Спонзорирано: