11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израелскиот конзулат во Бостон со жестоки критики до репортер на „РТ Америка“ за твитови за Газа

Израелскиот конзулат во Бостон испрати жестоки критики до новинарот на „РТ Америка“ кога палестинските активисти ги ретвитуваа неговите критики за начинот на кој американските медиуми ги покриваат смртоносните настани во Газа.

Репортерот Ден Коен укажал на тоа како „Асошиетед прес“ ги разводнува злосторствата на Израел вклучувајќи го и убиството на новинарот на агенцијата во Газа во понеделникот по што добил пораки од конзулатот во кои го нарекуваат срам за Американците и за Евреите.

Очигледно, ова било поттикнато од неколку твитови од Коен, кои беа ретвитувани од Али Абуним, коосновач на „Електронската интифада“, веб-страница со седиште во Чикаго, која известува од палестинската перспектива. Еден од твитовите посочува на документарец за кој Коен бил копродуцент наречен „Убивање на Газа“, за конфликтот во 2014 година во енклавата.

Откако Коен ги објавил пораките од израелскиот конзулат на „Твитер“, Абунимах повикал и други што биле изложени на такво малтретирање да стапат во контакт со него и ги нарекол пораките од конзулатот малтретирање од бандитскиот и ужасен апартхејдски режим.

Минатата недела израелскиот конзулат во Њујорк се вклучи во преписка на „Твитер’ со новинарот Бен Нортон, кој го коментира уредувањето на неговата статија од страна на „Њујорк тајмс“ за да ја направи повеќе произраелска. На Нортон му било кажано да ја коригира и бил обвинет дека ги добива своите вести од терористичката пропагандна телевизиска станица на геноцидна терористичка група како Хамас.

Спонзорирано: