12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел: Во интерес на Германија е да го поддржи глобалниот договор на ОН за миграција

Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска изјави дека е во интерес на Германија да го поддржи глобалниот договор на ОН за миграција, кој беше отфрлен од САД, Унгарија и од Полска.

Во обраќањето пред пратениците Меркел рече дека договорот треба да им обезбеди на мигрантите услови кои во голема мера постојат во Германија.

Германските официјални лица се надеваат дека овој необврзувачки договор ќе биде усвоен во Маракеш следниот месец и ќе го намали приливот на мигранти во Германија бидејќи ќе им обезбеди хумани услови и на друго место.

Меркел, меѓу другото, ја истакна и важноста на меѓународната соработка.