10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Воз излета од шините во Барселона, загина еден човек

Еден човек загина, а најмалку петмина се повредени кога патнички воз излета од шините недалеку од Барселона, соопшти шпанската полиција.

Инцидентот се случил по шест часот по локално време поради свлечиште меѓу градовите Терас и Манреса во североисточниот дел на земјата, објави шпански „Ел Паис“ на својата интернет-страница.

Во моментот на несреќата во возот имало 150 патници. Поради несреќата, привремено е сопрен железничкиот сообраќај на таа линија.

Спонзорирано: