25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

По пожарите во Калифорнија, 700 лица се водат за исчезнати

На северот на Калифорнија се пронајдени остатоци од тела на уште две жртви, со што бројот на настрадани во најсмртносниот пожар во овој дел на САД порасна на 79, а околу 700 лица се водат за исчезнати.

Шерифот на округот Бјут, Кори Хони, тврди дека списокот на имиња на оние што исчезнале за време на разорниот пожар се намалил на 700 од првичните 1.000 лица што беа објавени во понеделникот. Во пожарот настрада градот Парадајс, во кој се уништени 12.000 дома.