23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вооружен напад во болница во Чикаго, најмалку тројца загинати

Портпаролот на полицијата во Чикаго, Ентони Гулеми, изјави дека по синоќешната престрелка во локланата болница „Мерси“, напаѓачот бил убиен.

Четири лица беа повредени синоќа во болницата кога вооружено лице отвори оган во една градска болница. Повредените се наоѓаат во критична состојба.

Според информациите на полицијата, во нападот, покрај повредените, најверојатно, има најмалку три загинати лица вклучувајќи и еден полицаец и една докоторка.

Според информациите на тамошните медиуми, дошло до кавга меѓу напаѓачот и сега починатата докторка, со која тој најверојатно бил во врска. Според медиумите, најверојатно, тие двајца претходно биле срвшени. Пред да почне да пука низ болницата, напаѓачот влегол во вербален конфликт со докторката.

Засега не се знае дали тој се самоубил или бил застрелан од страна на полицијата.

Спонзорирано: