23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Иванка Трамп го користела личниот имејл за работата во владата

Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп и висок советник во Белата куќа, Иванка Трамп, испратила стотина имејлови за работата на владата од својот личен имејл во 2017 година, пишува „Вашингтон пост“.

Имејлови биле испратени до советниците во Белата куќа, членовите на кабинетот и помошниците на Иванка, а многу од нив ги кршат правилата на јавните записи.

Ова откритие вознемири одделни советници на Доналд Трамп, кои стравуваат дека таа пракса на Иванка е слична на онаа на која Трамп се фокусира за време на претседателската кампања во 2016 година, а која се однесуваше на Хилари Клинтон и нејзината употреба на лични имејлови.

Весникот наведува, повикувајќи се на извори запознаени со проблемот, дека и некои соработници биле изненадени од количината лични имејлови на Иванка за што таа рекла дека не била запознаена со деталите за правилата.

Од канцеларијата на адвокатот и советник за етика на Иванка Трамп соопштиле дека таа привремено го користела својот имејл пред да биде запознаена со правилата, но и дека ниту една нејзина порака не содржела доверливи информации.

Спонзорирано: