14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Трагедија ја потресе Македонија – Во страшна сообраќајна несреќа има починати

Педесет и двегодишен возач од селото Милетино загинал на регионалниот пат Тетово-село Радиовце на 19 ноември, половина час пред полноќ.

Како што информираат од МВР, 52-годишникот управувал автомобил „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, но во еден момент излетал од патот и удрил во дрво.

Од добиените повреди возачот починал на самото место, а смрт констатирал лекар од итната медицинска помош. Увид на местотo извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. По наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.