8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

(Видео) Стоилковски: Јанакиески и Божиновски не ги прекршиле одредените мерки за претпазливост, судството мора да се ослободи од спрегите и притисоците

Апелациониот суд мора да се издигне над политичкиот притисок и нарачани притвори мотивирани само од политичкиот прогон што се спроведува врз опозицијата, а во насока на покривање на грешките на власта, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Според сите правни аргументи, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, вели Стоилковски, цело ова време додека траат политичките судења со ништо не ги прекршиле одредените мерки за претпазливост на судот. А периодот на изречени мерки не е кус, не е една недела, не е еден месец, се работи за 18 месеци, една и пол година, период во кој двајцата ги почитуваат мерките, редовно се јавуваат во судот, редовно одат на судските рочишта, редовно се достапни за органите на прогонот, вели Стоилковски.

„Нека посочат и нарачателите и барателите, но и судиите, дали Јанакиески и Божиновски во целост ги почитувале изречените мерки? Дали имало еден петок во кој двајцата не се јавиле на суд? По една и пол година редовно исполнување на обврските, судиите во Апелација мора да ги земат предвид фактите, а не да ги потврдуваат одлуките кои се само и само во насока на Кацарска судот и партиските обвинителства, напишани од истиот центар, со кои се докажува политичката, а не правосудната одлука за притвор“, изјави Стоилковски.

Во име на демократијата, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, судството мора да се ослободи од спрегите и притисоците на Зоран Заев и да работи врз база на аргументите, а аргументите велат дека ниту Јанакиески ниту Божиновски имал намера да замине и да го напушти своето семејства, изјави Стоилковски и додаде дека токму затоа судот мора да ги исправи направените грешки и да ги прифати аргументите на одбраната изнесени во жалбата за укинување на притворот.