11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Маж се заканувал со нож во скопско казино

Двајца мажи почнале расправија што кулминирала кога едниот од нив извадил нож и почнал да се заканува.

Како што соопшти МВР, настанот се случил еден час пред полноќ во скопско казино.

„На 18.11.2018 година во 23.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на улицата Иван Козарев во Скопје дошло до расправија помеѓу А.Ш. (29) од Штип и С.Ц. (23) од Скопје по што А.Ш. извадил нож и му се заканувал на С.Ц.“, се вели во полицискиот билтен за овој случај.

Веднаш биле преземени соодветни мерки од страна на полициски службеници и 29-годишниот маж бил приведен.

Спонзорирано: