16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Татко од Квебек го тужи „Мекдоналд“ за рекламирање оброци со играчки

Татко од Квебек поднесе колективна тужба против „Мекдоналд“ со образложение дека детските оброци „хепи мил“ се косат со локалните закони против маркетингот насочен кон деца.

Многу родители се противат на империјата за брза храна и покрај тоа што овие пакетчиња многу често се наоѓаат на менито на нивните деца и се многу практични за патување, пренесува Би-би-си.

Антонио Браманте е главниот тужител, кој вели дека „Мекдоналд“ незаконски ги рекламира овие продукти за деца под 13 години.

Ова значи дека компанијата го крши строгиот закон за заштита на млади потрошувачи.

Браманте, татко на три мали деца, вели дека тој и неговите деца јадат во „Мекдоналд“ еднаш во две недели токму поради нивното инсистирање, се вели во судските документи.

Тој проценува дека потрошил стотици долари на овие детски оброци со играчка.

Таткото додава дека играчките најчесто произлегуваат од популарните филмови, а децата сакаат да одат во рестораните за да ја комплетираат својата колекција од играчки.

Тој вели и дека ресторанот директно ги таргетира децата со тоа што отворено ги изложува играчките каде што децата може да ги видат.

Во Квебек маркетингот насочен кон деца помлади од 13 години е забранет со закон и е еден од ретките градови што забраниле секакви реклами насочени кон деца.

Спонзорирано: