18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Сиромаштијата енормно се зголеми по доаѓањето на СДСМ на власт

Сиромаштијата енормно се зголеми по доаѓањето на СДСМ на власт. Моментно во земјава околу 460.000 граѓани живеат на работ на сиромаштија, а манипулантите од СДСМ продолжуваат со ветувања за мали деца, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, доколку СДСМ вистински се грижеше за граѓаните, немаше да го укине и додатокот за трето дете, мегапроект, кој беше од голема помош за семејства што сакаа да имаат повеќе деца.

„Владата на Заев влезе во опасна авантура со тоа што сака да воведе систем на гарантиран минимален приход, нешто што не постои во Европа и ретко во светот. Според економските експерти за Република Македонија, изедначувањето на социјалната помош со минималната плата ќе има катастрофални последици затоа што ги обесхрабрува оние што сакаат да работат и со тоа да стекнуваат работни навики и квалификации.

За жал, и со новиот мегаломански буџет сликата ќе остане иста. Ќе се ограбат граѓаните со зголемени давачки и казни, а криминогената власт најголемиот буџет во историјата на Македонија ќе го троши за сопствен луксуз и богатење. Се ближи денот кога Заев и СДСМ ќе се соочат со граѓаните и ќе одговараат за ограбувањето на државата“, се додава во соопштението.

Спонзорирано: