25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нетанјаху: Неодговорно би било распуштање на владата и предвремени избори

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека ќе биде неодговорно да се распушти владата и да се закажат предвремени избори.

Нетанјаху рече дека во секој момент се очекува , министерот за образование, Нафтали Бенет да објави дали неговата партија, Еврејскиот дом, ќе се повлече од коалицијата, објави АП.

Ако Бенет се одлучи за повлекување, тоа ќе предизвика пад на владата и нови избори.

Бенет се закани дека ќе се повлече од коалицијата, бидејќи не се согласува со мировниот договор постигнат со екстремистите од Хамас минатата недела.

Поради договорот што Нетанјаху го постигна со Хамас, израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман поднесе оставка.

Израелскиот премиер, исто така, рече дека ќе стори сé што може за да ја заштити земјата, без оглед на одлуката на неговиот коалициски партнер.