24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Би-би-си: Русија можеби регрутира кубански државјани да се борат во Украина

Русија веројатно регрутирала кубански граѓани да се борат во Украина, ги пренесува Би-би-си резултатите од својата истрага.

Според извештаите, Кубанците биле намамени во руската армија со високи плати и пасоши, а во септември и октомври 2023 година на интернет на проукраинската платформа „Информ напалм“ излегоа податоците за пасошите на речиси 200 Кубанци, кои наводно ѝ се приклучиле на руската армија“, пренесува медиумот.

Според написите, документите излегоа на интернет и извештаите во медиумите сугерираат дека на Кубанците им се нудат месечни исплати од речиси 2.000 долари, што е огромна сума за Куба, каде што просечната месечна плата е помала од 25 долари, според Би-би-си. Рускиот пасош овозможува безвизно патување до 117 дестинации, а сопствениците на кубански пасоши се ограничени на 61./Извор:Makfax