20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Харадинај побарал до Курц да се одлучува за визната либерализација на Косово

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај побарал од австрискиот канцелар, Себастијан Курц, прашањето за визната либерализација на Косово да биде ставено на дневниот ред на Советот на ЕУ.

Харадинај, кој престојува во Виена на работниот појадок на Курц со премиерите Западен Балкан, напиша на својот профил на „Фејсбук“ дека австрискиот канцелар предочил оти Косово е единствената земја чии што граѓани не можат слободно да се движат.

„Покрај правото на слободно движење, либерализацијата за нас значи поголемо партнерство и поголеми трговски можности за размена на земјите од ЕУ и регионот“, напиша Харадинај.

Додаде дека Косово ги исполнило сите услови за добивањето на визната либерализација.