10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Хан: Не е реален истовремен влез во ЕУ за земјите од Западен Балкан

Проширувањето на Западен Балкан е еден од приоритетите на Европската унија (ЕУ), а секоја држава ќе се третира одделно, според постигнувањата, порача еврокомесарот за проширување Јоханес Хан од Виена.

По средбата со лидерите на Западен Балкан, Хан рече дека не е реален истовремен влез во ЕУ на земјите од Западен Балкан, но и дека сите шест земји имаат европска перспектива.

Во Виена се одржа официјалниот работен појадок за премиерите од Западен Балкан, организиран од австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Курц на прес-конференција изјави дека, до крајот на претседавањето со ЕУ Австрија, кога станува збор за прашањето за земјите од Западен Балкан, фокусот го става на има три точки или , патот на регионот кон ЕУ, неопходната регионална соработка и решавање на билатералните конфликти во регионот.

На состанокот стана збор за европската перспектива на Западен Балкан, регионалната соработка и за билатералните конфликти.