25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британскиот шеф на дипломатија го предупреди Иран да престане да затвора невини луѓе

Британскиот шеф на дипломатија Џереми Хант, го предупреди Иран да престане да ги затвора невините луѓе пред неговата прва посета на Исламската Република, пренесува „ Брејтбарт“.

Највисокиот британски дипломат изјави дека режимот Иран мора да ги ослободи луѓето, вклучувајќи ја хуманитарката Назанин Загари-Ретклиф, која е затворена поради спорни обвиненија за шпионирање. Загари-Ретклиф беше уапсена за време на одморот со својата ќерка во април 2016 година. Иранските власти ја обвинија за заговор против владата.

Посетата на Хант е прва од страна на западен министер за надворешни работи откако САД се повлекоа од нуклеарниот договор со Иран.

„Оние невини луѓе со британско-иранско двојно државјанство затворени во Иран мора да бидат вратени кај нивните семејства во Британија”, рече Хант. „Слушнав премногу трагични приказни од семејствата кои се принудени на ужасна разделба. Затоа пристигнав во Иран со јасна порака до лидерите на земјата: затворањето невини луѓе во затвор не може и не смее да се користи како алатка за дипломатски преговори”.

Друго прашање на агендата на Хант е важноста на тоа Иран да се придржува кон трговските санкции на американскиот претседател Доналд Трамп наметнати претходно овој месец.

„Иранскиот нуклеарен договор останува витална компонента на стабилноста на Блискиот Исток со елиминирање на заканата од нуклеарен Иран”, рече Хант во изјавата објавена во Лондон. Ние ќе се држиме до него се додека Иран го прави тоа. Но исто така треба да го видиме крајот на дестабилизирачката активност на Иран во остатокот од регионот “.