17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Страотна сообраќајка на магистралата Куманово Крива Паланка: Има повредени, сообраќајот отежнат

Тешка сообраќајка се случи попладнево кај Куманово, во близина на местото викано Просеченик кај Псача на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, патен правец кој важи за честа локација на тешки сообраќајки.

Според информациите во сообраќајката учествувале патничко возило и камион марка Мерцедес, при што со тешки повредени заврши возачот на автомобилот.

На патниот правец сообраќајот се одвива отежнато бидејќи товарното возило се наоѓа на десната страна од коловозот, а потребно е посебно внимание на возачите.

Дополнително сообраќајот се отежнува и поради снежните врнежи кои го зафатија регионот.

фото архива