4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Претседателот на Албанија во изненадувачка посета на Преспа

За прв пат еден албански претседател го посетува Преспанскиот регион, а таа чест да го пречекаат албанскиот претседател Илир Мета ја имаше семејството Шерифи во својот дом во селото Наколец.

Потоа Мета се упати на ручек во познат ресторан покрај Преспанското езеро во Претор.

Целата организација на посета на Преспанскиот регион на албанскиот претседател беше во чест на денот на Албанската азбука кој се одбележува во четврток на 22 ноември.

Мета претходно ја посети и Битола, односно Музејот на албанската азбука.