14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна Кореја стави на тест ново оружје

Северна Кореја успешно тестирала ново ултрамодерно тактичко оружје, во присуство на лидерот на земјата, Ким Џонг-ун, јави државната телевизија во земјата.

Светските медиуми коментираат дека најверојатно не станува збор за нуклеарно оружје или ракета со долг домет, но веруваат дека тестирањето повторно би можело да ги влоши односите помеѓу Северна Кореја и САД.

Северна Кореја јавно немаше тестирано никаков вид на оружје од ноември минатата година поради договорот со САД, но Пјонгјанг претходните денови изрази гнев поради меѓународните санкции против земјата и актуелните воени вежби на Јужна Кореја и САД.

Спонзорирано: