17.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична за албански државјанин кој извршил тешка кражба во Тетово

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 47-годишен албански државјанин од селото Суме, поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Како што информираат од МВР, во периодот меѓу 12. и 13. август годинава во спортска обложувалница на тетовската улица „Илинденска“, пријавениот со употреба на погоден предмет и физичка сила влегол и одзел 366.000 денари (околу 6.000 евра).