6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ и официјално соопшти – Бегството на Никола Груевски не е во ред

Во однос на бегството на поранешниот партиски лидер, Никола Груевски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, денеска рече дека партијата не се согласува со самото заминување и дека тоа не е опција, дури и кога сите знаат дека се работи за политички прогон. Како што рече тој, така се загрозуваат и другите лица, кои исто така се цел на тој прогон.

„Денес, јасно се покажува дека ВМРО-ДПМНЕ е под политички инструирана полициска опсада само заради евтин политички театар кој се случи поради покривање на сопствената немоќ и неспособност на власта“, рече портпаролот на опозициската партија.

Според него, со претресот со кој се бараше осудениот поранешен партиски лидер, Груевски, беспотребно се вознемирувале членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и биле претресувани недолжни граѓани, без налог и без посебна наредба која, како што рече, никогаш не била презентирана во јавноста.

„Од фотографии достапни во јавноста се гледа дека спротивно на законот беше ангажирана и воена полиција која е под надлежност на Министерството за одбрана со која раководи министерката Радмила Шекеринска. Се покажа дека оние што треба да бидат професионални институции, работеа под чисто политички диктат. Политичкиот притисок и прогонот се евидентитен. Мотивите се политички и средствата што се употребуваат се политички. Прогонот се прави врз лица на партија кои се следени, прислушувани, под константен притисок“, посочи Стоилковски.

Исто така, тој нагласи дека Оливер Спасовски и Зоран Заев треба да одговорат кого лажат и кого замајуваат.

„Тие, имајќи ги во раце неограничените ресурси на државната безбедност и под вакви услови, сакаат и уште сакаат лажно да прикажат дека не знаеја или не знаат за движењето на Никола Груевски? Тоа е дилема што треба тие да ја одговорат“, рече партискиот портпарол.

Спонзорирано: