8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Имаше шпекулации дека некој ќе бега, но не можевме да преземеме ништо

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека постоеле шпекулации оти некој може да бега, но власта не можела да преземе дејства за некој што сè уште е слободен и кој нема упатен акт за затвор.

На новинарско прашање кој ќе ја сноси одговорноста за бегството на Груевски, тој вели дека ако граничната полиција направила пропусти, ќе има последици.

„Апсолутно, секој процес го водиме транспарентно и нема ништо тајно и заткулисно. Пропусти нема направено ниту една институција, единствено граничната полиција ако направила. Веднаш дадовме налог да се истражи секоја постапка и сè ќе биде јавно објавено“, рече премиерот.

Спонзорирано: