19.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Влатко Ѓорчев го информира потпретседателот на шпанскиот Сенат за политичките случувања во земјата

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, како шеф на делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), учествува на конференција за жртвите на тероризмот, што се одржува на 15 и 16 ноември 2018 година во Мадрид, во организација на Сенатот на Шпанија и ПС на ОБСЕ.

Како што информираат од неговата партија, Ѓорчев остварил билатерална средба со потпретседателот на Сенатот на Шпанија, Педро Санз Алонсо.

На средбата Ѓорчев го информирал Алонсо за актуелните политички случувања во Македонија и за соработката помеѓу двете држави.

Покрај Педро Санз Алонсо, на конференцијата пред пратениците се обратиле и Макис Воридис, претседател на ад хок комитетот на ПС на ОБСЕ за борба против тероризмот, Хозе Луис Санз Руиз, претседател на Комисијата за внатрешни работи на Сенатот на Шпанија и други говорници.

Ѓорчев исто така разменил мислења и со претставници на организациите на жртвите од тероризмот од Шпанија, САД, Франција и од Белгија.

Учесниците во дискусијата ја нагласиле потребата за заеднички и координиран пристап во борбата против тероризмот, вклучително и преку спроведување на релевантните меѓународни обврски, а се фокусирале и на потребата за зајакнување на контролата на границите и подобрување на размената на информации на сите нивоа.