11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Макрон: Му допуштам на Трамп да си игра

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека Франција и САД треба да негуваат меѓусебна почит.

Тој додаде дека само тоа им прилега на земји што се долгогодишни сојузници.

Макрон се обрати на француската телевизија TF1 кога американскиот претседател, Доналд Трамп, го нападна на „Твитер“ по однос на неколку теми.

„Сме биле сојузници во секој момент од нашата историја, така што на сојузниците им прилега да имаат меѓусебна почит“, рече Макрон мислејќи на поддршката на Франција во американската војна за независност и поддршката во двете светски војни, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Тој смета дека Французите не очекувале да одговори на твитовите на Трамп, но, според него, неопходно е да се продолжи во интерес на важната историја.

„Мислам дека тој си игра со политиката и јас му допуштам да си игра“, рече Макрон додавајќи дека смета оти Трамп со твитовите бил повеќе насочен кон домашната публика.