3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Снег го парализира Киев, регистрирани дури 50 сообраќајни незгоди

Првиот снег во Киев годинава предизвикал голем број сообраќајни незгоди во главниот град на Украина, што довело до голем метеж на улиците.

Според украинската агенција „Унијан“, која се повикува на повеќе извори, во украинската престолнина се пријавени 50-ина сообраќајни незгоди.

Агенцијата констатира дека жителите на Киев не биле подготвени за првиот снег и покрај предупредувањата на метеоролозите.

Метежот во сообраќајот го парализирал градот, а на некои места брзината со која се движeле автомобилите не надминувала пет километри на час.

Снегот во Киев почна да паѓа утрово околу 9.30 часот по локално време, додава агенцијата.

Спонзорирано: