12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американскиот потпретседател ѝ се заканува на Кина со студена војна

Ако Кина не успее фундаментално го промени своето однесување, ќе се соочи со сеопфатна студена војна со Вашингтон и со неговите партнери, изјави американскиот потпретседател, Мајк Пенс, за „Вашингтон пост“. Изјавите доаѓаат пред претстојната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот кинески колега Шји Џјинпинг на самитот на Г20 на 30 ноември.

„Трамп остава можност за договор со Шји Џјинпинг во Аргентина, но само ако Пекинг сака да ги направи големите промени во своите економски, воени и политички активност што САД ги бара. Ова е најдобрата, ако не и последна, шанса за Кина да избегне студена војна со САД“, истакна Пенс.

Тој вети дека ќе изврши економски, дипломатски и политички притисок врз Кина ако Пекинг не успее да направи значајни и конкретни отстапки кои се однесуваат не само на трговскиот дефицит со кој се соочуваат. Во овој контекст Пенс ја издвои безобѕирната кражба на интелектуална сопственост, принудниот трансфер на технологии, ограничениот пристап до кинескиот пазар, почитувањето на меѓународните правила и норми, напорите за ограничување на слободата на навигацијата во меѓународните води и мешањето на кинеската Комунистичка партија во политиката на западните земји.

За разлика од американската економија, кинеската е помалку издржлива и не е доволно силна за да преживее таква ескалација, смета Пенс. Тој додаде дека САД немаат намера да отстапат од влијанието во Азија пред Кина и нема да се повлечат ако Пекинг одлучи да ги продолжи своите сегашни политики.

„Навистина веруваме дека во секој случај сме во силна позиција. Сега сме на 250 милијарди долари (во тарифи), а можеме повеќе од двојно да го зголемиме тоа. Тука не станува збор за ветувања, ние бараме резултати. Бараме промена на ставот. Ние не мрдаме никаде“, истакна тој на прашањето што ќе се случи ако Пекинг не се согласи да дејствува за да избегне студена војна со Вашингтон.

Минатата недела американскиот државен секретар, Мајк Помпео, истакна дека и покрај фактот што САД сè уште се загрижени поради кинеската воена политика и верската слобода во земјата, Вашингтон не сака нова студена војна со Пекинг.

„САД не ја следат политиката на студена војна или политиката за задржување со Кина, туку сакаме да се осигураме Кина да реагира одговорно и праведно за поддршка на безбедноста и просперитетот во двете наши две земји“, рече Помпео.

Спонзорирано: