23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: илустрација/pixabay
СВЕТ

Етиопија го уапси поранешниот заменик шеф на агенцијата за разузнавање

Поранешниот заменик шеф за разузнавање на Етиопија беше уапсен во склоп на истрагата по наводите за корупција и злоупотреби на човековите права од страна на претходната влада.

Поранешниот заменик шеф на националната агенција за безбедност, Јаред Зерихун, е последното големо име од уапсените.

Тој се уште не дал коментар за обвинувањата.

Од понеделникот повеќе од 60 официјални лица од разузнавачките служби и индустрискиот конгломерат управуван од армијата беа уапсени.

Овој чекор беше поздравен од страна на сите групи за човекови права.

Многу години луѓето во Етиопија живееја под опресивен авторитарен систем каде што секоја критика упатена кон владата или војската не беше толерирана.

Но, со стапувањето на функцијата на новиот премиер Абиј Ахмед во Април, тој вети дека ќе ја искорени корупцијата и злоупотребите на човековите права.

Спонзорирано: