5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шекеринска и Димитров на брифинг со амбасадорите на земјите членки на НАТО

Во Владата на Република Македонија, по покана на заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за одбрана, Радмила Шекеринска, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се одржа брифинг со амбасадорите на земјите членки на НАТО, акредитирани во Република Македонија.

Брифингот беше посветен на актуелностите поврзани за пристапниот процес за интеграција на Република Македонија во Северноатлантскиот сојуз и тој имаше цел амбасадорите на земјите членки на НАТО да бидат информирани за досега преземените чекори, како и претстојните активности во рамките на пристапниот процес за членство.

На средбата со амбасадорите двајцата министри детаљно ја презентираа програмата за продолжување на реформите, која претставува составен дел од процесот за пристапување на земјата во НАТО.

Спонзорирано: