20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

(Видео) „Прашина“ – нова песна и спот на Сашко Костов

Спотот за најновиот сингл на Сашко Костов, „Прашина“, е воедно и најава за неговиот следен албум со наслов „Крик и прашина“.


Сашко Костов e автор на музиката и аранжманот, а текстот е на Ана Стојаноска. Спотот, пак, е во режија на Крсте Шупев, а улогите ги играат актерите Талија Настова и Фаик Мефаилоски.
Во тек е подготовка за концертна промоција на албумот со нов бенд, а Костов најавува дека тоа нема да биде само обичен концерт.

Инаку, ова е 6-. издание на Сашко, кој досега бил дел од повеќе македонски бендови, како: „Мугер фугер“, „Ласт експедишн“, „Чиста околина“ и други. Меѓу другото, тој создава и театарска музика, а оваа година работеше на претстава во Јужна Кореја со режисерот Jeung Woo Son.