20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Иако знаеја дека Груевски не е во штабот, претресуваа и заплашуваа партиски членови

Зоран Заев и Оливер Спасовски знаеја дека Никола Груевски не е во партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, но одлучија да претресуваат и заплашуваат партиски членови и активисти. СДСМ врши политички прогон врз ВМРО-ДПМНЕ. Злоупотребата на наредбата за потрага по Никола Груевски за опсада на штабот на партијата е одраз на црни и недемократски методи несвојствени за Европа и цивилизираниот свет, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, власта со злоупотреба на органите на прогонот сака да ги заплаши сите слободомислечки граѓани.

„Органите на прогонот повеќе од една година не можат да го пронајдат убиецот на младиот Мартин Јанушев, а убиецот на младиот Саздо исто така сè уште не е пронајден. Нема ни трага ни глас од убијците на „Рузвелтова“. Не може ни да има бидејќи Спасовски е зафатен со крими-афери од типот набавки на ‘шкоди’, кои чинат 15.000 евра за 25.000 евра, и доделување на лиценците за милионски бизниси поврзани со испитните центри на момчиња што ден претходно основале фирма.

Веќе една и пол година 9 убиства се неразјаснети, а властите не придвижија ниту една десетина од полициските сили кои беа злоупотребени за опсада на штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Една и пол година правосудните органи немаат преземено ниту едно дејство против сомнежите за криминал на високите претставници на власта. СДСМ го има преземено целиот правосуден систем во државата, вклучително и органите на прогон и тие работат како алатка за пресметка со политичките неистомисленици. Ова безредие и правниот хаос мора да запрат. Владеењето на правото мора повторно да стане пракса, а не исклучок. Насилниците врз законите и врз граѓаните ќе одговараат за сите противзаконски дејства што ги преземаат со враќањето на правната држава и демократијата во Република Македонија, се додава во соопштението.

Спонзорирано: