23.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Врие во зградата на ДПМНЕ – Јанушев објави дека Груевски не се крие во седиштето на партијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во врска со потерата за експремиерот Никола Груевски, рече дека ова што се случува вечерва е дно и дека ВМРО-ДПМНЕ е под полициска опсада. Нагласи дека се работи за хајка и линч врз сите кои мислат поинаку, нешто што досега не се случило да прави владеачка партија врз опозициска партија.

„Се претресуваат наши членови. Се злоупотребува партијата. Ова е линч за оние кои мислат поинаку. Заев го злоупотребува и медиумите. ВМРО и Македонија се жртви на неспособниот Заев. Тие себе и грешките се прикриваат. Доколку МВР се сомнева дека Груевски е во партиското седиште, нека земе налог и нека дојде да провери“ рече Јанушев.

Тој истакна дека лично не се видел со Груевски 6-7 месеци и дека ова било политички прогон.

„Од неофицијални информации, се шпекулираат различни работи. Се надеваме дека нема по наредба на Заев и Спасовски да испратат полиција во штабот. Доколку имаат налог нека дојде полицијата и ќе ги прошетаме. Груевски
6-7 месеци не е дојден во штабот“ изјави Јанушев.

Претходно вечерва полицијата влезе во домот Груевски, но не го пронајде. Потрагата продолжи пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, каде се претресуваа сите возила што излегуваа од гаражата од седиштето на партијата.