21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Јанушев им се извини на новинарите оти ВМРО-ДПМНЕ ги нарече загари на Заев

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев им се извини на новинарите, во името на партијата, за тоа што претходно беа наречени – загари.

По веста дека полицијата дошла во домот на експремиерот Никола Груевски, каде се собраа и новинарски екипи, опозициската партија излезе со соопштение, во кое новинарите ги нарече загари на Заев и Спасовски, кои наводно, биле нарачани да дојдат на местото.

Новинарите речиси два часа чекаа изјава од ВМРО-ДПМНЕ, која беше најавена а доцнеше.